СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Т.(62) и А.Г.(56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување службена исправа“ и „несовесно работење во службата“.
Првопријавениот изготвил Уверение за извршена обука за безбедност и здравје при работа на лице кое според списоците за присутност воопшто не учествувало на обуката која била спроведена на истиот ден на вработените во Јавното претпријатие за државни патишта, каде што било вработено лицето.
Додека, второпријавениот, во својство на управител во Центарот за безбедност и здравје при работа Тетово, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршење на своите должности, односно ставил потпис на Уверението и овозможил да стане употребливо и покрај тоа што не учествувал на обуката која била спроведена.
