Кривична пријава за едно лице од Прилеп – преку Фејсбук упатил закани кон полициски службеник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВР Прилеп, до ОЈО Прилеп, поднесе кривична пријава против Н.Б.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 3 од Кривичниот законик. На 07.07.2020 околу 18.00 часот, Н.Б. од негов профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ упатил закани по животот кон полициски службеник од ОВР Прилеп.