Кривична пријава за три лица од Крива Паланка поради тешка телесна повреда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ОВР Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), сите од село Жидилово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

На 21.11.2026 година, околу 09:00 часот, во село Дрење, кривопаланечко, пријавените физички ја нападнале Д.Д. (67) од истото село, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди.

Имено, додека Д.Д. го напасувала својот крупен добиток, пријавените најпрвин започнале вербална расправија со неа, по што физички ја нападнале.

Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.