Кривична против двајца велешани осомничени за одземање 300.000 денари од 88-годишно лице

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Струга поднесе кривична пријава против А.С. и Д.С., на возраст од 67 и 42 години, двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– На 6 август годинава во Струга, пријавените довеле во заблуда 88-годишник и му одзеле 300.000 денари. Тие побарале од него да им ги донесе парите за да ги види сопругата на едниот од нив, која била од странска земја, а за возврат ќе го награделе. Тој ги донел парите и им ги дал, а тие како гаранција му дале чанта за која му кажале дека има околу 10.000 евра внатре. Пријавените заминале, а откако не се вратиле за половина час и оштетениот си заминал дома и кога ја отворил чантата, видел дека нема пари во неа и сфатил дека е измамен – појаснија од МВР.