Крушево без безбедна вода за пиење – надлежните апелираат на претпазливост

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните на Крушево се предупредени да не ја консумираат водата од водоводната мрежа во неколку делови од градот, откако анализите покажале дека таа е микробиолошки небезбедна.

Според Центарот за јавно здравје – Прилеп, примероците земени на 20 јули потврдиле бактериолошка контаминација на водата на локалитетите „Света Петка“, „Крајпатна бензинска“, регионот „Црешово Топче“, „Старата црква“ и подрачјето под хотелот „Монтана“.

По овие наоди, Центарот за управување со кризи и Јавното претпријатие во Крушево апелираат до граѓаните за пиење да користат исклучиво флаширана вода.

Институциите препорачуваат водата од водоводната мрежа да се вари најмалку 10 минути пред да се користи за готвење или миење, сè додека следните анализи не потврдат дека повторно е безбедна за употреба.