Ксиаоми е „број еден” во Европа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првпат досега, Ксиаоми е најпродаваниот телефон во Европа.

Кинескиот гигант „Ксиаоми” продолжува со растот и во производството и во продажбата.

Тој неодамна го престигна Епл и стана втор најпродаван телефон во светот, а сега, првпат, е најпродаван во Европа.

„Стратеџи аналитикс” објави дека во вториот квартал Ксиаоми го престигнал Самсунг. Продадени се 12,7 милиони мобилни телефони во Европа во вториот квартал, што претставува скок од 67,1 отсто.

Самсунг забележа пад за седум проценти и продаде 12 милиони апарати, па Ксиаоми сега се наоѓа пред него.

Исто така, и Епл постигна раст од 12,7 отсто, најмногу благодарејќи на моделот „Ајфон 12″.
Ксиаоми најмногу се продава во Русија, Украина, Шпанија и Италија.