Кучињата може да препознаат лоша личност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кучињата може да почувствуваат страв, а во неодамното истражување е откриено дека може да надушкаат доколку некој е лоша личност, пишува „Гуд“.

Тимот кој го водел истражувањето предводен од професорот Акико Такаока од Јапонија, открил дека кучињата може многу брзо да препознаат дали некому може да веруваат или не.

Луѓето одамна откриле како кучето, ако му покажете некој објект, ќе дотрча до него. Поради тоа научниците ја користеле оваа информација во своето истражување – еден човек на кучињата би им покажувал кутија која била наполнета со храна.

Кучињата веднаш трчале по таа кутија. Потоа би им покажале празна кутија, а потоа кучињата трчале по неа, и потоа виделе дека нема ништо во кутијата.

Третиот пат кога ќе им се покаже кутија со храна, кучињата не одат по неа. Знаеле како човекот кој им покажува кутии со храна или без неа, не треба да им се верува од претходно искуство. Тој експеримент покажува дека кучињата може да препознаат некој кога ги лаже, и дека не се така наивни.