Ќучук: Тешко почеток на преговорите во јуни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Известувачот за Македонија Илхан Ќучук, беше соговорник во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.

Дебатиравме околу македонско-бугарскиот спор, и одлуката за почеток на преговорите со ЕУ за Македонија.

Ќучук рече дека не треба да се очекува Македонија да ги почне преговорите во јуни, со оглед на случувањата во Бугарија и немањето влада, односно во моментов таму владее техничка влада.

„Ако гледаме на тоа како статичен феномен, односно бараме одреден датум кога Гордиевиот јазол би се разврзал, тогаш веројатно нема да најдеме датум, колку и да се обидуваме да го најдеме. За мене големиот разговор е како може да се создаде позитивна политичка атмосфера меѓу двете страни заснована на убедување дека ќе треба да одиме по патот на Европската унија заедно“, рече Ќучук.