Кумановец загинал откако излетал до патот паднал во провалија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

44-годишен жител од кумановско Арбанашко загинал, откако со возилото излетал од патот и паднал во провалија на патот Арбанашко – Кокино.

Несреќата се случила кога 44-годишниот Д.П. со своето возило Голф 2, се движел кон Куманово, но од непознати причини изгубил контрола и излетал од патот.

„Вчера во 8 часот случаен минувач го забележал возилото и пријавил во полиција. На терен излегла екипа на Противпожарната единицата во Старо Нагоричане, па откако не успејале да го извадат, побарале помош од пожарникарите од Куманово. Автомобилот морало да се сече за да се извади починатиот“, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), пренесува Сител.