Групата која се нарекува „Албанска доброволна гарда“ упатила закани кон Албин Курти и припадниците на „Движењето за самоопределување“.
Тие му се заканиле на Курти дека „нема да седат со скрстени раце“ поради можните протести на движењето во Приштина.
„Албин Курти и сите лидери на Движењето за самоопределување кои помагаат во одржувањето на протестот, сега имаат причина да се грижат за својата безбедност и безбедноста на членовите на нивните семејства“, стои во пораката на Курти на социјалната мрежа „Твитер“.
Курти ова го смета како закана кон Уставниот суд.
