Курти: Нападната косовската полиција во Бањска, еден полицаец загина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Косово, Албин Курти соопшти дека ноќеска околу 3 часот по полноќ во селото Бањска во Лепосавиќ била нападната косовската полиција, при што еден полицаец загина, а вториот повреден, пренесува Косово Онлајн.

Загинатиот полицаец имал чин водник, додека повредениот е припадник на граничната полиција.

„Во овој момент продолжува пукањето од огнено оружја од различен калибар на нашата полиција. Напаѓачите беа професионалци со маски, вооружени. Го осудуваме овој терористички напад. Организиран криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград ја напаѓа нашата земја“, напиша Курти.

Претседателката Вјоса Османи за нападот ги обвини „српските криминални банди“.

Косовската полиција во ивештајот наведува дека биле поставени два камиони без регистарски ознаки, и патот бил блокиран, по што бил отворен оган.

Повредените полицајци биле пренесени во регионалната болница во Јужна Митровица, каде што лекарот констатирал смрт на еден од полицајците.