На Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес, австрискиот канцелар посочи дека ЕУ мора да ги исполни своите ветувања.
Унијата мора да го засили својот ангажман, имајќи ја предвид фрустрацијата во врска со нејзината улога на Западен Балкан, рече Курц.
„ Ние мора да ги исполниме нашите ветувања – рече тој во врска со неисполнетото ветување за отворање на пристапните преговори со Тирана и Скопје.
Курц изрази надеж дека ќе се постигне напредок под словенечкото претседателство.Тој ја поддржал иницијативата на словенечкиот премиер Јанез Јанша за одржување на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во октомври.
Курц го потенцирал ангажманот на Австрија за приближување на Западен Балкан кон Унијата и во тој поглед потсетил на самитот што се одржа во Виена кон средината на јуни.
„Австрија секогаш ќе застане на страната на Западен Балкан – рече тој.
Според него, ЕУ ќе биде комплетна само кога сите земји од Западен Балкан ќе бидат членки на ЕУ.
Курц истакна дека е потребно да се зајакне соработката во областа на борбата против илегалната миграција.
„Бројот на илегални мигранти повторно расте и ние мора уште повеќе да ги поддржуваме нашите партнери на фронтот – посочил тој.
Во исто време, Курц го поддржа инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан.Денес, Германија беше домаќин на осмиот Самит на Берлинскиот процес, што се одржа во виртуелна форма со вклучување на претставници на земјите од Западен Балкан, и неколку државници на ЕУ.
