Премиерот Заев на Фејсбук сподели дека после учеството на самитот беше присутен на концерт на Виенската филхармонија, по покана на Себастијан Курц.
„Учеството на Самитот за Западен Балкан во Виена го завршивме со традиционалниот Концерт за летната ноќ 2021 на познатата Виенска филхармонија. Овој концерт се одржува еднаш годишно под отворено небо во паркот на Дворецот Шенбрун и е вистинско креативно достигнување за Виена и за Европа. Му благодарам на мојот пријател и колега, канцеларот Себастијан Курц за поканата и за ова извонредно искуство“, напиша Заев.
