Милица Кузмановска од Здружението посветено на пациенти со рак ХЕМА-ОНКО, зборуваше за зголемениот број на пациенти со канцер на бели дробови.
Таа рече дека не само аерозагадувањето, туку и дека пушењето е најголем ризик фактор.
„Не би рекла дека е само аерозагадувањето, еден голем фактор за канцер на бели дробови и висок ризик е пушењето. Ние сме пушачка нација, ние сме меѓу првите земји на скалата. Треба малку да се тргне од личната свест, и оние кампањи кои ги спомена министерството за здравсто да ги креира“, рече Кузмановска.