Ладното време ги забави градежните работи за УМТ – Зеќири: Се надевам до 20 мај ќе се преселиме во новата зграда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 28 ноември минатата година во касарната Илинден свечено беше претставен почетокот на работите за реконструкција и изградба на универзитетскиот комплекс „Мајка Тереза“. Овој месец се очекуваше да завршат градежните работи, но ректорот на овој универзитет, Изет Зеќири, информираше дека некои работи не можеле да се завршат поради ниските температури во текот на зимата.
Досега, како што извести ректорот Зеќири, ѕидовите се бојадисани и изолирани, поставена е струја и парно. Реализиран е проектот – изградбата на влезот на универзитетот, додека во тек е уредувањето на патот до објектите.

„Во објектот интензивно се вршат градежни работите и се интервенираа многу, почнувајќи од тоа што зградата не беше онака како што беше предвидена со проектот, но за сите тие измени и завршувањето на проектот е потребно време. Инсталирана е струјата, инсталирано е парното, се бојадисуваше и многу други работи. Сега се бојадисуваат и се изолираат трите страни на ѕидот, и продолжуваме со другите работи.“, вели Зеќири.

Понатаму, како што најави ректорот, рокот за завршување на работите и преместувањето во новиот објект се надеваат дека ќе биде крајот на мај.

„Од нашите предвидувања иако имаме многу пречки бидејќи станува збор за стар објект, климатските услови се тие кои го диктираат темпото бидејќи сме работеле во зимски услови и се надеваме до 20 мај, кон крајот на мај, да преминеме кај касарната Илинден.“, рече Зеќири.

На свечената најава за почеток на работите во ноември минатата година присуствуваа претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Министерот за образование, Јетон Шаќири и други функционери. Презентацијата на проектот од страна на Универзитетот „Мајка Тереза“ беше направена на крајот на 2017 година, но поради политички причини и пречките со експропријација на земјиштето од касарната, почетокот на работите беше одложен. Целата површина од 50.000 м2 а се очекува да ја сочинуваат објекти на факултетите, спортска сала, базен, библиотека, лаборатории и ресторан. Универзитет ќе има капацитет за 5500 до 6000 студенти.