Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека во Европска Унија дадени се 100 милионо дози вакцини против Ковид-19.
– Во земјите-членки на ЕУ досега се испорачаи повеќе од 126 милиони дози вакцини, а до денеска се примени 100 милиони дози, од кои над 27 милиони Европејци ја примиле и втората доза. Тоа се добри вести, истакна Лајен.
Претходно, Лајен најави дека ЕУ ќе го продолжи договорот со фармацевтската компанија Фајзер, која произведува вакцини против Ковид-19 до 2023 година и оти дотогаш ќе порача 1,8 милијарди дози вакцини.
Таа изрази целосна доверба во технологијата на Фајзер, која користи безопасен вирус, која за разлика од компаниите Астра Зенека и Џонсон и Џонсон вакцините ги произведуваат со вирусен вектор.
– Мораме да се фокусираме на технологиите кои добро се покажаа, посочи Лајен,
Вакцинацијата против Ковид-19 во земјите-членки на ЕУ е забавена поради доцнење на испораката на вакцини, но и поради појавата на тромбоза кај лицата кои примиле вакцина на Астра Зенека.
Претходно, медиумите објавија дека ЕК следната година нема да ги продолжи договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите Астра Зенека и Џонсон и Џонсон.
