Повеќето луѓе сметаат дека лавовите се диви животни кои никогаш не мируваат. Сепак, видеото кое неодамна го сподели Сузанта Нанда од владината агенција Индиска шумска служба го разби тој мит.
Таа сними лав како нежно допира патка во езерце и му помага да се најде на отворениот дел од водата.
“Лавот е диво животно, но не е див по природа. Убива само за да преживее и напаѓа само кога ќе биде испровоциран”, објасни Нанда на снимката.
Видеото ги стопи срцата на многумина, иако дел од нив не се баш убедени дека на крајот сè заврши добро.
„Ова изгледа слатко, но кој знае што се случи подоцна“, рече една личност.
