Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва не очекува на првиот самит на рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден да се случи дипломатски „пробив“.
– Не се залажуваме и не се обидуваме да оставиме впечаток дека ќе дојде до пробив, до историски одлуки што ќе доведат до темелни промени, посочи Лавров.
Тој додаде дека фактот што ќе се сретнат двајца лидери на две големи нуклеарни сили е важно и треба да биде поддржано.
Како што претходно соопштија Кремљ и Белата куќа, Путин и Бајден ќе се сретнат на 16 јуни во Женева.
