Лазаров одлучи со кои ракометари ќе отпатува за Злин

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров го објави списокот на играчи кои ќе патуваат во Злин на првиот бараж-дуел со Чешка за пласман на Светското првенство 2023.

Од 23 ракометари кои се подготвуваа, петмина остануваат во Скопје да ја чекаат следната шанса.

Во Злин ќе патуваат:

  • голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски
  • крила: Гоце Ојлески, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевски
  • бекови: Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Марко Митев,    Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Филип Талески
  • пивоти: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов
  • дефанзивци:Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ.

Натпреварот во Злин е закажан за утре во 20:15 часот.