Лазе Најдовски ја изгуби битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лазе Најдовски, за кого во јавноста се ширеа апели за донации со цел негово лекување, денеска ја загуби битката со коронавирусот, а пријателите се простуваат од него преку социјалните мрежи.

Имено, неговата здравствена ситуација драстично се влошила како последица на ковид-19, по што јавноста активно се вклучи со цел да му помогнат и лекувањето да го продолжи во приватна болница.