Лажирал дека е киднапиран за да избегне одење на работа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Едно момче од Аризона се нашол во проблеми откако глумел дека е киднапиарн, со цел да избегне одење на работа.

Полицијата неодамна добила дојава за маж кој лежи на рацете со врзани раце на грбот. Веднаш е испратен полициски автомобил кој набрзо известил дека нашле машко лице кое било врзано на улица.

„Жртвата е идентификувана како 19-годишен маж кој рекол дека го киднапирале две маскирани лица. Според неговите наводи, тие го удриле во глава и после тоа се онесвестил и се разбудил таму каде што бил пронајден“, пренесува Одити Централ.

Полицијата извести дека е спроведена темелна истрага и пронајдени се докази дека неговата приказна е измислена и дека немало киднапирање ниту напад.

Младото лице признало дека сето тоа го измислил, за да избегне одење на работа.