Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатот на Марин Ле Пен Родолф Боселут изјави дека неговиот клиент ќе поднесе жалба на одлуката на судот.

Да потсетиме, лидерката на француската екстремна десница денеска беше осудена за проневера и доби забрана за вршење јавна функција во период од пет години.

Оваа одлука значи дека таа не може да се кандидира на претседателските избори во 2027 година – освен ако жалбата е успешна.