Легендарниот германски голман Оливер Кан, е заинтересиран да го купи мнозинството акции на францускиот тим Бордо, соопштуваат германските медиуми.
Според француските медиуми, преговорите со сегашниот сопственик Жерар Лопез се водат од поранешниот претседател на Олимпик Марсеј, Жак-Енри Ејро во името на 55-годишниот поранешен чувар на мрежата.
Минатото лето Бордо поради финансиски проблеми беше испратен во Националната 2 лига (4-та по ранг лига). После 12 меча, екипата е со 21 поен на 4. место.
