Легендарниот Вокмен, уредот кој го одбележа детството и младоста на генерациите родени во седумдесетите и осумдесетите, вчера прослави 42. роденден.
Сони Вокмен се појави 1. јули 1979 година, а со своето доаѓање започна револуција во начинот на слушање на музика која трае и денеска.
Преносниот касетофон во џеб со слушалки, донесе „музика во движење“ и набрзо стана значаен дел од вкупната поп култура и начин на животот на младите.
После него се појави дискмен, па МП3 плеер, а денеска најчест извор на музика во движење се мобилните телефони и уреди.
