Легнувањето подоцна може да биде причина за депресија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ако често сте будни до доцните вечерни часови, и тешко ви е да се разбудите пред 7, тој биоритам може да предизвика депресија. Ова го покажало едно ново истражување.

Според студијата, луѓето со тој начин на спиење се противат на времето кое треба да се користи за спиење, односно се присилени да се будат порано од што сакаат, бидејќи легнуваат подоцна.

Истражувачите од универзитетот во Ексетер ги разгледале претходните истражувања поврзани со ранобудниците или „ноќните птици“. Се запрашале дали гените се поврзани со одредени здравствени состојби, вклучувајќи ја и депресијата.

Истражувањето открило дека оние кои морале да легнуваат подоцна од било кои причина, се наклонети кон депресија.

Исто така истражувањето покажало дека и пандемијата имало влијание на ова, со оглед дека донело многу промени во работното време на луѓето, а често луѓето работат и од дома, па може да си дозволат и подоцна да легнуваат, со оглед дека не губат време со одењето на работа, и тоа време во утринските часови го претвораат во спиење.