„Летале“ по автопат со над 170 км/ч – државјанка на Србија и државјанин на Холандија приведени на „Табановце“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајца возачи, државјанка на Србија и државјанин на Холандија, се лишени од слобода на граничниот премин „Табановце“, откако преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека на автопатот А1 управувале со возила со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената.

Од МВР информираат дека на 26 август, во 22:15 часот, на излез од државата, полициски службеници извршиле контрола на возило „Мерцедес-Бенц“ со српски таблички, управувано од 51-годишна државјанка на Србија, при што констатирале дека била евидентирана како сторител на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

„При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека И.М. била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, Демир Капија- Гевгелија, управувала со возилото со брзина од 168 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. И.М. е лишена од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштија од МВР.