Летонија нареди затворање на два руски конзулата во таа земја и му порача на персоналот да ја напушти земјата, соопшти денеска летонското Министерство за надворешни работи.
– Одлуката е донесена во знак на солидарност со Украина во нејзината борба против неиспровоцирана и неоправдана воена агресија и војната што ја започна Русија, се вели во соопштението на Министерството.
Се додава дека конзулатите во градовите Даугавпилс и Лијепаја ќе мора да се затворат, а персоналот мора да си замине до крајот на месецот.
По Летонија, и Естонија наложи затворање на два руски конзулата, чиј персонал мора да ја напушти та а земја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Естонија.
Според соопштението на Министерството, персоналот на руските конзулати ќе мора да ја напушти Естонија до 30 април.
