Летонија ја напушта Истанбулската конвенција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Парламентот на Летонија гласаше за повлекување на земјата од Истанбулската конвенција, меѓународниот договор на Советот на Европа за борба против насилството врз жените, откако конзервативниот партнер во владејачката коалиција го поддржа потегот и покрај противењето на премиерот и претседателот.

Противниците на конвенцијата во Летонија тврдат дека документот го воведува поимот род што оди подалеку од биолошкиот пол и го дефинира како општествен конструкт, објави Ројтерс.

Тие веруваат дека постојните национални закони се доволни за заштита од семејно и родово базирано насилство.