Левандовски го покажа часовникот кој чини околу 40 евра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Откако Рафаел Надал го освои Австралија Опен, повторно почнаа вестите за часовникот кој го носи на зглобот.

Се пишуваше дека неговиот омилен бренд на часовници е Ричард Мил, а неговиот модел RM 27-04 Tourbillon, направен специјално за шпанскиот тенисер, тежи само 30 грама и е практично неуништлив, чини нешто повеќе од милион евра.

По доделувањето на Златната топка во Париз во понеделникот, се пишува и за часовникот кој го носел Роберт Левандовски.

Наградата за најдобар стрелец му припадна на Роберт Левандовски, втора година по ред.

Шпанските медиуми го истакнуваат неговиот изглед за време на церемонијата, но со посебен фокус на рачниот часовник.

Се работи за часовник Casio, вреден нешто повеќе од 40 евра, се забележува. Со овој избор тој ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи кои ја истакнуваат неговата скромност.