Левица: Се посигурно е дека Амар Мециновиќ влегува во втор круг за Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од партијата Левица истакнаа дека нивниот кандидат за градоначалникт на Град Скопје, најверојатно Амар Мециновиќ ќе влезе во вториот круг, и ќе се натпреварува со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

„Извесно станува дека Мециновиќ влегува во втор круг. Исклучително задоволни сме пристигнатите резултати досега. Во Кисела Вода, Аеродром и Карпош сме втора партија веднаш после ВМРО-ДПМНЕ и имаме водство пред СДСМ и ќе имаме повеќе советници. Имаме и во Велес повеќе гласови за советничката листа од СДСМ. Во останатите општини, Кавадарци ни се зголемуваат советничките места од едно на две“, вели Круме Богоевски, портпарол на Левица.