Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за денеска во 12 часот закажа прес-конференција пред седиштето на партијата.
Претседателот на опозицијата се очекува да даде коментар околу новата Влада која вчера беше изгласана. Исто така се очекува да даде коментар околу масовните демонстрации кои ги најавија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во текот на расправата во Собранието за новата Влада.
