Лидерска средба утре во Клуб на пратеници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Меѓупартиска лидерска средба на покана на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Средбата е закажана за 12 часот во Клубот на пратеници, а ќе се дебатира за укинувањето на техничката влада, изборните реформи согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и изборот на нов Народен правобранител.

Коалицискиот партнер Вреди ќе учествува а присутен ќе биде Биљал Касами, додека пак СДСМ предводена од Венко Филипче одби присуство.

Левица најави учество поради инсистирањето на една изборна единица, иницијатива поддржана и од ДОМ, а ДУИ сè уште не го соопштила конечниот став.