Ликот на Грета Тунберг се најде на шведска поштенска марка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ликот на младата шведска активистка за климата, Грета Тунберг се најде на нова поштенска марка во нејзината родна Шведска. Таа е во продажба од денеска.

Тинејџерката е прикажана како стои на карпа во жолт мантил, а над неа летаат ластовици. Илустрацијата е потпишана од Хенинг Тролбак.

Марката е дел од серијата наречена „Скапоцена природа“, а нагласката е на животната средина и еколошките цели поставени од шведскиот Парламент, соопшти поштенската компанија „Пост-Норд“.

Другите поштенски марки од истата серија покажуваат и знаменитости  за кои Парламентот утврдил дека се важни за заштита на животната средина.