Лимани: Оваа власт е нелегитимна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кичево на изминатите избори, воедно и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Фатмир Лимани вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека оваа власт е нелегитимна и нафрли неколку причини поради кои тој смета дека оваа власт нема легитимитет.

„Како прво, македонската страна, СДСМ во овој случај изборите ги доби со друг премиер не со овој. Понатаму сите знаеме како се склопи оваа влада, со притисоци, со изчезнување на пратеници и така натаму. Понатаму, албанската страна, во случајот ДУИ ги доби изборите со ветувањрето за прв премиер Албанец. Трета работа, ветуваа дека цената на струјата ќе се намали а видете сега каков е случајот“, додаде Лимани.