Лишен од слобода скопјанец кој синоќа пукал со пиштол во Чаир

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 26.10.2025 околу 20 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје. Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот.

„По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.396 од КЗ.“, велат од МВР.