Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица во врска со две кривични дела, пријавени на 09.08.2026. Во координација со СВР Тетово, од слобода се лишени Ј.Ј.(24), А.О.(22) и А.А. (24), сите од Гостивар, поради сомнение дека на 09.08.2026 околу 04:00 часот, во близина на градскиот парк во Скопје, го нападнале В.О. (23) од Австрија и се обиделе да му одземат пари и лични предмети, при што едниот од нив му нанел расекотина.
Расчистено е и кривичното дело “разбојништво” извршено на 09.08.2026 на плоштад “Македонија” во Скопје, врз Ш.С. од кого, според пријавеното, биле одземени торба со документи и пари. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар презедоа соодветни мерки и активности за расчистување на случајот и од слобода се лишени А.А.(18) и А.С.(19) од Скопје. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
