Лица од Бугарија кои дошле во Дебар, се тестират на коронавирус

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку лица кои од Бугарија пристигнале во Дебар, се тестираат на присуство на коронавирусот, потврдува министерот за здравство, Венко Филипче.

Во Бугарија од пред два има потврдени случаи на коронавирусот, а веднаш по двата, се потврдени уште два, со што вкупната бројка е четири.

Засега не е познато дали лицата биле и во некоја друга земја. Повеќе детали се очекуваат на прес-конференцијата на Венко Филипче закажана за 16:30 часот.