Литванското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека белоруските власти наредиле префрлање на мигранти од камп во близина на границата со Полска, како и од Минск.
Бројот на мигранти кои се обидуваат да преминат од Белорусија е намален во последните недели, но Литванија соопшти дека наскоро би можела да се соочи со нов бегалски бран.
– Добивме информации за наредба на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко да ги отстрани илегалните мигранти од магацинот на граничниот премин Брузги и во Минск, така што наскоро ќе има обиди овие мигранти да се насочат кон Литванија, Полска и Летонија, изјави министерката за внатрешни работи Ање Билотате.
Таа додаде дека во моментов во Белорусија има околу 4.000 мигранти.
