Ливерпул и Баерн Минхен први четвртфиналисти во ЛШ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипите на Ливерпул и на Баерн Минхен се првите две екипи кои се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на шампионите.

Иако загубија од Интер, вечерва „црвените“ од Енфилд успеаја да се пласираат во следната фаза, благодарение на победата во Милано од првиот меч од 0-2.

Лаутаро Мартинез во 62. минута постигна гол, и кога се чинеше идеално за Италијанците, во следната минута Санчез доби црвен картон и ги остави своите соиграчи на „цедило“. Ливерпул еднаш ја погоди пречката и двата пати стативата од голот на Хандановиќ.

Во вториот меч немаше дилеми уште на полувремето. Баерн Минхен во првите 45. минути дојде до предност над Салцбург од 4-0, а во вториот дел стигна до конечни 7-1. Левандовски постигна „хет-трик“, и тоа е најбрз „хет-трик“ во историјата на Лигата на шампионите.