Голем инцидент го потресе Ливерпул вечерва откако непознато лице намерно влета со автомобил во толпата навивачи кои ја славеа шампионската титула на нивниот тим.
Според снимките од местото на настанот, црн автомобил со голема брзина се забил во толпата навивачи, оставајќи зад себе шокантни сцени на хаос и паника.
Видео кое кружи на социјалните мрежи го прикажува моментот кога возило влегува во толпата и удира во најмалку две лица. Наместо да застане, возачот забрзал, скршнал и продолжил низ толпата, повредувајќи уште повеќе луѓе.
Сè уште нема официјална потврда за точниот број на повредени, но според првичните информации, има „десетици засегнати лица“, а некои сведоци тврдат дека имало и посериозни повреди. Медицинските екипи веднаш реагираа, а областа на инцидентот брзо беше блокирана.
Полицијата од Мерсисајд потврди дека лицето зад воланот е уапсено и дека е во тек кривична истрага.
„Во овој момент не можеме да коментираме за мотивите, но ги повикуваме сите сведоци да се јават со информации“, соопшти полицијата.
Настанот ја шокираше јавноста, а многумина изразија загриженост и осуда на овој ужасен чин на социјалните мрежи.
Предупредување: Видеото од местото на инцидентот содржи исклучително вознемирувачка содржина.
Footage from the car ramming on Dale Street, Liverpool, during celebrations of Liverpool FC’s Premier League win.
— Nicholas Lissack (@NicholasLissack) May 26, 2025
The driver can be seen veering into the crowd, striking several people.
Truly horrific. pic.twitter.com/EmaNQoiugx
