Лизгавиот пат во Трнодол и Жданец предизвика карамбол

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Времето во целата земја денеска е облачно, студено и ветровито, насекаде со врнежи од снег и температури под нулата, а токму ваквото невреме предизвика неколку сообраќајни несреќи низ Македонија.

Сопственикот на радио Буба мара, Ранко Петровиќ на својот Фејсбук профил сподели фотографии од карамболот направен од неколку возила во Трнодол и Жданец.

Тој посочува дека угорнините се лизгави и речиси е невозможно да се движат граѓаните ниту пеш, ниту со возила.

Петровиќ додава дека вечерва доживеал и ризична повреда откако со комшиите пробале да им помогнат на повозрасните комшии да се искачат.

Врнежите од снег ќе продолжат и во текот на ноќта кога ќе се интензивираат особено во југозападните и западните делови.