Лога: Ако мислите дека сте победиле, ајде на избори – ВЛЕН: НАИ не само што изгуби гласови, туку и контакт со реалноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кренар Лога од НАИ во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21 рече дека, доколку освоените гласови на локалните избори се преточат во пратенички мандати, НАИ би имала 20, а ВЛЕН само 15 пратеници.

„Ако тие тврдат дека победиле и ако се охрабрени од тие резултати што ги поседуваат, ајде да одиме на избори и ќе видиме. Дури и ако ги преточиме резултатите во пратенички мандати, НАИ би имала 20 мандати, а ВЛЕН само 15. Разбирам што зборуваат по телевизиски студија, сакајќи со празна реторика да се претстават како победници на ‘референдумот’, но јас ги предизвикувам – како што ги предизвикува секој претставник на НАИ – ајде на избори, зошто се плашите?“, прашува Лога.

Од ВЛЕН реагираа нарекувајќи го овој настап „очаен обид“ и додавајќи дека НАИ не изгубила само гласови, туку и контакт со реалноста.

„Изјавите на Арбер Адеми, Блерант Рамадани, Кренар Лога и неколку други, кои излегуваат со имагинарни графикони за ‘идни пратеници’ што никогаш нема да ги видиме, се доказ за паниката што го зафати коалицијата со леплива лента. Тие сè уште не го разбрале пораката на народот – време е за реформи, а не за измислени приказни за да ги држат активистите будни.“, велат од ВЛЕН.

Според резултатите, кандидатите на ВЛЕН победија во поголемиот дел од општините со мнозинско албанско население, додека на републичко ниво НАИ освои повеќе општински советници.