Локални врнежи утре, потоа суви денови со пониски утрински температури

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T=16°C. P=988hPa. U=95%. V=2m/s.

Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.