ЛШ: Адеми и Ристовски против Бодо Глимт или Жалгирис во плејофот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион попладнево беа извлечени паровите за плејоф натпреварите во Лигата на шампиони (ЛШ).

Загрепски Динамо на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе игра против норвешки Бодо Глимт или литвански Жалгирис доколку во 3. квалификациско коло го мине бугарскиот шампион Лудогорец.

Првите натпревари од плеј-офот ќе се играат на 16/17 август, додека реваншите се на 23/24 август.

Жрепката за групната фаза во ЛШ е закажана за 25 август.

ЛШ, плеј-оф:

Карабах/Ференцварош – Шериф Тираспол/Викторија Плзен

Макаби Хаифа/Аполон – Црвена звезда/Пјуник

Бодо Глимт/Жалгирис – Лудогорец/Динамо Загреб

ФК Копенхаген – Трабзонспор

Динамо Киев/Штурм – Бенфика/Митјиланд.