Љубичиќ: Федерер не навестил за пензија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Поддршка од премиерот Јанша и Словенија за евроинтеграцискиот процес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша била потенцирана недвосмислената поддршка...

Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 17 пациенти – вкупно се лекуваaт 280 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот....

Можно ли е Трамп да остане без пензија и сите поволности што треба да ги има како поранешен претседател?

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп треба да добие пензија од над 221 илјади долари годишно и други бенефиции далеку...

Во последниот квартал од 2020 поумерени негативните ефекти од ковид-кризата и поповолни движењата во економијата

Поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност и поповолни движења во домашната економија се забележани во последниот...

202 казнети возачи во Скопје – 22 користеле мобилен, 17 биле без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само...

Тренерот на Роџер Федерер, Иван Љубичиќ го даде своето мислење за иднината на швајцарскиот Маестро и откри дека сè уште не навестил за крај на кариерата. 41-годишниот Хрват, кој соработува со Роџер од 2015 година, ја сподели неговата физичка состојба и неговите шанси да продолжи во 2021 година.

Светскиот број 4, кој ќе наполни 40 години следниот август, беше подложен на операција на коленото во февруари и планираше да ја пропушти сезоната на земја уште пред кризата да го запре тенисот. Љубичиќ откри дека 20-кратниот Гренд-слем шампион не ни навестил за негово пензионирање и дека карантинот не влијаел на неговите планови за сезоната.

„Роџер се опоравува и во моментов поминува рехабилитација по операцијата. Карантинот не менува ништо за нас. Лошата среќа што ја имавме со оваа ситуација нема да влијае на нашата програма. Не зборувавме за 2021 година. Времето не запира и тој ќе има 40 години следната година, но тој сè уште не навестил за можно прекратување во кариерата, изјави тој за „Скај Италија“.