Се асфалтира Љуботенски пат, но, не целосно. Жителите од оваа околина не се задоволни од сегментот долг 900 метри во населбата Радишани. Се жалат дека патот кој се асфалтира е премногу тесен додека слојот на асфалтот е премногу тенок.
Жителите велат дека од општина Бутел им ветиле дека широчината на коловозот ќе биде иста како што беше, 4,20 метри, но сега кога се асфалтира е помалку од 3 метри. Тие се чувствуваат измамени.
Откако жителите се пожалија на ТВ21 дека им се прави неправда, од општина Бутел велат дека за неколку дена постигнале договор со реализаторот на проектот ширината на овој патен правец да се зголеми за уште 1,2 метри.
На барање на жителите, од кабинетот на градоначалникот Дарко Костовски велат дека повторно ќе се асфалтира делот кој не е асфалтиран, поточно да се достигне широчина од 4,2 метри.
Почетниот проект чинеше 5,7 милиони денари со вклучен ДДВ, додека доградбата што ќе се направи се очекува да чини дополнителни 1 милион денари.