Љубов под карантин – Англичанец со помош на робот ја запроси девојката

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

МВР приведе криминалец баран од германската полиција

На 05.03.2021 во 13,00 часот на Граничен премин „Јажинце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Д.М.(30) од Германија...

Африм Гаши за предлогот на Заев: Ова не е нова идеја

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за ТВ21 го коментираше предлогот на премиерот Зоран Заев за разговори со опозицијата да...

Милошоски: Заев потврди дека на Македонија и треба нова Влада, власта нема капацитет да излезе од кризата

Во денешната изјава од Охрид, Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, на...

Заев најави можна соработка со опозицијата: Сакам да отворам дебата за заедничка власт и Влада!

Премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата за идно формирање на Влада за национален спас....

Во моментов низ инфективните одделенија и болниците се лекуваат 795 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 492 пациенти...

И покрај новиот карантин, Англичанецот Бен Хоган успеа да ја запроси својата девојка, и тоа – со помош на робот.

Хоган е стручњак за апликации, а неговиот план да ја запроси Шери Доус, го реализираше со помош на роботот „Старшип“ (Starship), којшто вообичаено се користи за достава на намирници и нарачки. Овој пат испораката беше посебна бидејќи роботот однесе веренички прстен…

Бен и Шери се запознале пред првиот карантин во Англија, а нивната љубов ќе продолжи да живее заедно со нив во населбата Милтон Кинс.

– И покрај тоа што јас сум „занесеникот“, и Шери е доста опседната со овие роботи. Таа верува дека тие (роботите) имаат своја личност додека се движат и ја вршат својата работа во Милтон Кинс. Ние ги немаме околу нас, ние сме надвор од тоа подрачје, па не знам што направиле за да дојде олку далеку. Се разбира, ние сме му многу благодарни, се пошегува Хоган.

Неговата свршеница исто така не го криеше своето воодушевување.

– Мислам дека се слатки, сакам еден за по дома. Мислев дека во роботот ќе има алкохол или чоколадо, а не прстен. Многу сум среќна!, рече Доус.

Инаку, во Велика Британија се во сила нови строги мерки за спречување на корона-заразата.