Пустината Ал Кудра во Обединетите Арапски Емирати е украсена со вештачко езеро кое има форма на две испреплетени срца, а популарното љубовно езеро од Дубаи е толку големо што може да се види од вселената.
Вештачката пустинска оаза Ал Кудра е дом на бројни вештачки езера, опкружени со високи песочни дини и локална фауна, што ја прави врвно место за рекреација за жителите на Дубаи.
Сепак, во 2018 година, локалната туристичка атракција дополнително скокна во популарност кога се појави мистериозно ново езеро.
