Авиокомпанијата „Луфтханза“ најави драстично намалување на бројот на вработени, а до 2030 година се планира да се укинат 4.000 работни места во администрацијата, објавија денес германските медиуми.
Компанијата објави дека работните процеси ќе бидат дигитализирани, автоматизирани и консолидирани, објави „Шпигел“.
Најголемата европска авиокомпанија, која има 103.000 вработени, исто така планира во иднина да оствари оперативен профит од осум до десет проценти од приходите.