На универзитетот Јорк, една патка е над просекот повисока од сите други. Хибридот Long Boy е дива патка и индиски тркач, а висок е 70 сантиметри.
Иако неговото потекло е сè уште тајна, патката стана хит во кампусот. Таа исто така има свој профил на Инстаграм, управуван од студенти од 2019 година, па дури има и своја линија на стоки за нејзините фанови да можат да купат маица или кригла со лицето.
Поради необичниот изглед на оваа висока патка, многу луѓе не веруваат дека е вистинска, а еден корисник на Твитер напиша дека тоа е веројатно највисоката патка што некогаш живеела.
